Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, овошје и зелечук и златен накит
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.„Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при контрола на автобус кој е стопиран во внатрешноста на државата од страна на мобилен царински тим...