Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена
Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Денис Прешова, по повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, оцени дека поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност.„Поднесувањето на оставка и повлекување од професијата во која сте вложиле многу време, труд и енергија веројатно е една од најтешките...