Советот на Општина Струмица утре со седница: Ребаланс на буџетот, урбанизам, ново комунално возило, финансиски извештаи на училиштата
Советот на Општина Струмица утре, четврток (16 април), ќе ја одржи деветтата седница, со почеток во 10:00 часот. Пред советниците ќе се најдат вкупно 43 точки на дневен ред, меѓу кои повеќе значајни одлуки и програми поврзани со финансии, урбанизам, комунални услуги и образованието. Како една од најважните точки е предложената измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, како и измени на повеќе годишни програми поврзани со уредување на градежно земјиште, животна средина, ј...