Кој ги пишува пораките на СДСМ? не е тој што мислите…
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ упатија критики кон раководството на СДСМ, обвинувајќи дека партијата се води под силно влијание на поранешниот премиер Зоран Заев. Според нивното соопштение, актуелниот лидер Венко Филипче нема самостојност во донесувањето одлуки и функционира под директна насока на Заев. Од партијата посочуваат дека кадровските решенија и стратегиите се диктирани од поранешното раководство. Во соопштението се наведува дека Заев има клучна улога во изборот на партиски кадри, потсетув...