Укината пресудата за Димова: На судиите од Апелација не им било јасно за што е виновна, а за што ослободена
Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.Како што информираат од судот, по одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка.Според Апелација, во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, ш...