Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот
„Нашиот став е јасен и принципиелен од самиот почеток дека ние ќе го почитуваме законот таков каков што е. Законот мора да се почитува“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вчерашното гостување во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24. Премиерот Мицкоски посочи дека согласно законот, минималната плата ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и истата ќе изнесува над 26.000 денари.„Во име на тоа, ова законско покачување на минималната плата за нешто над 1.600 денари не носи до миним...