Орбан „падна“, СДСМ остана без теми за прес-конференции
Во СДСМ вчера владееше атмосфера која лесно можеше да се помеша со изборна ноќ во Македонија, а не со политичка промена во Унгарија. Изјавите беа исполнети со патос, со драматични оценки за „пад на режим“, со пораки дека Европа се враќа на вистинскиот пат, па дури и со чувство дека се случува нешто што директно ја менува и македонската политичка реалност. Венко Филипче звучеше како човек кој, барем на кратко, добил идеална тема што сама се пишува. И тоа не е случајно, затоа што со години Виктор...