АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола по дојавата за труење со храна: Земени се мостри од храна и брисеви
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје - Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола.„Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на за...