Проданоски: Пожарот на градската депонија во Прилеп е ставен под контрола
Пожар избувна денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што на терен веднаш интервенирале повеќе служби и институции. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по добиената информација на местото на настанот пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и н...