ВЛЕН: ДУИ стои зад студентските протести
Коалицијата ВЛЕН обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата. Од ВЛЕН соопштија дека, според нив, дел од студентите кои протестираат не ги претставуваат реалните студентски барања, туку, како што велат, „агендата на ДУИ“. „Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. Станува збор за политички инструмент на партија која по 20 години власт се обидува преку младите повторно да се врати...