Цветкоски: Покрај пратениците, сите именувани функционери да имаат едно државјанство
Либерално-демократската партија (ЛДП) најавува дека ќе инсистира на проширување на законските измени со кои, покрај пратениците, услов за едно државјанство да важи и за сите избрани и именувани функционери, се наведува во партиско соопштение.Александар Цветкоски од Извршниот одбор на ЛДП, во изјава за медиумите, порача дека „едно правило мора да важи за сите“ и дека, како што вели, треба да се стави крај на двојните стандарди и селективните решенија.Тој посочи дека барањето за едно државјанство...