Жестока реакција: СДСМ тврди – ВМРО-дпмне не може да се спаси од „талир“!
Политичката партија СДСМ излезе со остро соопштение во кое тврди дека ВМРО-ДПМНЕ со своите последни јавни настапи практично ја признала вината поврзана со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Од СДСМ велат дека наместо да ја искористи можноста пред судските институции за да ја докаже својата невиност, ВМРО-ДПМНЕ јавно се пожалила дека предметите со години стоеле без разрешница, што според нив укажува на постоење на сериозни случаи кои ја држеле партијата под притисок. Според нивната интерпретација...