Филипче се „гордее“ со обвинувања, а граѓаните чекаат одговори
Во време кога граѓаните веќе се навикнати на крупни обвинувања и милионски суми што се споменуваат во политичките настапи, најновата изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не помина незабележано. Овој пат, на маса е бројката од 100 милиони евра – сума што, според него, завршила во сомнителни тендерски постапки. Говорејќи во централниот Дневник на МТВ, Филипче изјави дека Антикорупцискиот тим на партијата во изминатите месеци работел интензивно и открил серија, како што ги нарече, „месте...