САД во сложена позиција по ескалацијата со Иран
Додека танкери горат во Персискиот Залив, а цената на нафтата се движи околу 100 долари за барел, станува сè појасно дека Блискиот Исток е вовлечен во опасна ескалација што започна по американско-израелските напади врз Иран.Во текот на ноќта Иран изведе нови напади врз цели во Ирак, Бахреин и Оман, при што беа предизвикани пожари на неколку енергетски постројки и пристаништа. Италијанска воена база во Ербил во Ирак била погодена со проектил, а во Ормутскиот Теснец бил погоден германски контејнер...