Брз воз се судри со воен камион во северна Франција, машиновозачот загина
Утрово, на железнички премин на северот на Франција, во близина на Калаиса, брз воз се судрил со воен камион. Според првичните информации, се стравува дека машиновозачот го загубил животот, а неколку патници се повредени, потврди Фабиен Виледију од синдикатот SUD Rail.Виледију на платформата X објави дека постои стравување дека машиновозачот на TGV-тo починал, додека сударот предизвикал повреди кај неколку патници.Францускиот министер за сообраќај, Филип Табаро, преку социјалните мрежи исто така...