Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ во врска со случајот на масовно труење на работници во РЕК Битола. Николова побара детално да се испита причината за инцидентот и да се утврди одговорноста за настанатата состојба.Во своето излагање, Николова посочи дека, според јавни информации, поголем број работници...