Општина Битола: Широк Сокак добива пешачки семафори, плоштадот „Гоце Делчев“ ќе стане пешачка зона
На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ во тек се активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај. Деновиве, со интензивни работни активности после полноќ, се врши бележење на коловозот од страна на ЈП „Паркинзи“, согласно основниот сообраќаен проект за воведување на светлосни знаци за управување со сообраќајот на крстосниците на улица „Широк Сокак“ со улица...