Мицкоски повикан во суд: На 9 октомври ќе сведочи по тужбата за клевета на Ленче Ристоска
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе добие судска покана да се појави на 9 октомври во Граѓанскиот суд во Скопје, каде што треба да биде сослушан како странка во постапката по тужбата за клевета и навреда што ја поднесе поранешната јавна обвинителка Ленче Ристоска против владејачката партија.Одлуката ја донесе судијката Љубица Колиќ на денешното подготвително рочиште, откако го прифати барањето на полномошникот на Ристоска, адвокатот Лазе Сандев. Како актуелен законски з...