Орбан пред изборите: „Нема да дозволиме да нè вовлечат во војна, нема да даваме пари за Украина“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека нема да дозволи Унгарија да биде вовлечена во војна и дека нема да издвојува пари за Украина, нагласувајќи дека приоритет му е заштитата на интересите на унгарските семејства.Орбан, кој се обрати на почетокот на изборниот ден во специјално издание на емисија, порача дека „поради нашите деца и внуци“ треба да се каже „не“ на притисоците од Брисел и на опозициската партија Тиса, за која тврди дека е во „дослух“ со европските центри на моќ. Тој по...