Општина Битола: Љубовта и прифаќањето на различностите се на прво место на Светскиот ден на аутизмот
Секој 2 април светот се обојува во сино, но за нас во ОУРЦ „Кочо Рацин“, оваа боја не е само симбол – таа е секојдневие исполнето со искрени насмевки, уникатни погледи на светот и неуморна борба за прифаќање, беше речено на денешното одбележување на кое присуствуваше и заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ. Денес не само што го одбележуваме Светскиот ден на свесноста за аутизмот, туку го славиме секое дете кое нè учи дека комуникацијата не секогаш бара зборови, а љубовта нема граници...