По седум месеци потрага: Убиен осомничениот за двојното убиство во Австралија
Австралиската полиција соопшти дека најверојатно е ликвидиран мажот кој седум месеци бил во бегство по убиството на двајца полициски службеници во Викторија.Станува збор за Дезмонд Филби, познат како Дези Фримен, кој во август минатата година на својот имот во малото место Порепанка усмртил двајца полицајци, по што избегал и се криел во шумско подрачје.Полицијата соопшти дека мажот бил убиен по повеќечасовна опсада на руралниот имот на североистокот од државата. Идентитетот сè уште официјално се...