Вчера се ловеа возачи на мотори: Над 100 се казнети во Скопје за осум саати!
Во засилена акциска контрола спроведена во Скопје, полицијата санкционирала 105 возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли, при што најголем дел од прекршоците се однесуваат на неносење заштитен шлем.Контролата била реализирана на 25 април во периодот од 12 до 20 часот на подрачјата на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.Од вкупно санкционираните, 50 возачи биле казнети за возење без кацига,...