Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела силување на дете кое не наполнило 15 години и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија или аудио запис со сексуално експлицитна содржина.„Осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал...