(Видео) Украински дронови повторно ја погодија Москва: Гори рафинерија, затворени аеродроми
Украински беспилотни летала рано утринава извршија нов масовен напад врз Москва, предизвикувајќи пожари и прекини во воздушниот сообраќај, додека руските власти тврдат дека противвоздушната одбрана пресретнала десетици дронови насочени кон главниот град.Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, руската противвоздушна одбрана уништила 33 беспилотни летала кои се движеле кон градот. Тој наведе дека е регистрирана помала материјална штета на објект во рамките на трговскиот центар „Садовод“