Вучиќ: Косово не е целосно призната држава, членството во НАТО неизвесно
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти нема да дојде до прием на Косово во НАТО, коментирајќи ги иницијативите на поединечни американски конгресмени.Говорејќи пред медиумите по отворањето на тренинг-центар за дуално и доживотно образование во Машинското училиште во Панчево, Вучиќ нагласи дека Србија има соработка со Алијансата, вклучително и учество во заеднички вежби.Во исто време, тој повтори дека Косово не може да се смета за целосно меѓународно призната држава,...