Петровска со остра реакција кон Земон: Ако не се промениме, ќе исчезнеме, почитта кон Делчев не е прашање на дневна политика
На ставот на Рубин Земон, член на ИО Зна СДСМ, искажан во Поткаст дека Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него, реагираше пратеничката Славјанка Петровска на социјалните мрежи:„Гоце Делчев не е само историска личност од нашето минато, туку жива морална и национална вертикала врз која се темели македонската државотворна свест. Неговиот лик и неговото дело се длабоко вградени во колективната меморија на македонскиот народ, во нашата б...