Ученици ги демонстрираа своите вештини на општинскиот натпревар по прва помош – победници СОУ „Јане Сандански“ и ООУ „Сандо Масев“
Во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица, во Големиот градски парк се одржа Општински натпревар по прва помош, на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта од струмичкиот регион. Натпреварувачите ги демонстрираа своите знаења, вештини и тимска работа преку симулации на реални ситуации, покажувајќи подготвеност за навремена интервенција и помош на повредени лица. Речиси сите училишта зедоа учество на натпреварот. Во конкуренција на средните училишта, нају...