Притвор за 76-годишниот возач кој ја предизвика несреќата во која загинаа четири лица
Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица.„Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Времетраење на притворот е 30 дена“, информираат од обвинителството.Во трагичната несреќа животот го загубија оперскиот баритон и првенец на Националната опера и бале...