Кој ги меша картите во владата: дали јуни ќе донесе тивка политичка рокада?
Политичките шаховски фигури веќе се разместуваат, но таблата сè уште не е целосно отворена. Во владиниот кампус се чувствува подготовка за нов распоред на силите, додека јавноста внимателно ги следи сигналите за можна реконструкција на Владата. Засега, според Изет Меџити, договорот постои само начелно – без конкретни поделби и без затворени политички математики. Копретседателот на Влен и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека реконструкцијата на Владата е планирана за јуни, но...