Иранскиот претседател: Дипломатија со САД, но со апсолутна недоверба
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека треба да се искористат сите разумни дипломатски канали за намалување на тензиите со САД, но истовремено нагласи дека претпазливоста и недовербата во односите со Вашингтон се „апсолутно неопходни“. Изјавата, пренесена од државната новинска агенција IRNA, доаѓа во период на неизвесност околу продолжувањето на привременото примирје меѓу двете земји.Според меѓународни извештаи, во наредните денови се очекуваат нови дипломатски активности, при што ам...