Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово
Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки...