Мицкоски „го разнесе“ филипче: „ова е хумор и сатира!“
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека владината коалиција е стабилна и дека нема никакви знаци на распаѓање, реагирајќи на изјавите на лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче. Мицкоски ги оцени тврдењата на Филипче како несериозни, нагласувајќи дека тие повеќе припаѓаат во „рубрика за хумор и сатира“ отколку во политички контекст. „Апсолутно не постои такво нешто. Овие изјави не треба да се коментираат во политичка рубрика“, изјави премиерот, одговарајќи на новинарск...