Ветерот го разгоре пожарот кај затворот Превалец: Целосно затворен патот Велес – Извор
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка.На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени...