Владата има механизми да реагира доколку продолжи кризата мицкоски уверува дека има доволно нафта на пазарот
Ќе користиме алатки коишто ги имаме на располагање, а тоа е да речеме намалување на данокот на додадена вредност, во прв степен. Ако продолжи и понатаму да се зголемува, можеме уште едно намалување. Имаме една ставка од 18, па на 10 проценти може да намалиме, па потоа на 5 проценти. Доколку цената, согласно законот оди над 800 долари по тон, тогаш може да ја намалиме акцизата од 800 до 1.000 долари по тон за еден денар, а од 1.000 до 1.200 долари по тон за два денара. Над тоа и за четири денари...