Цаневска: Продолжува партизацијата, власта без консултации си предложи и избра 72 лица во училишните одбори во средните училишта
Опозицијата во Град Скопје со критики за партиски назначувања на претставници на град Скопје во 24 училишните одбори во средните училишта на територија на градот.„Треба да се изјасниме за 72 членови на училишните одбори, значи продолжува практиката за полнење со ваши партиски кадри, како што беше претходно пополнувањето со ВД членови на управните и надзорните одбори. Тогаш беа 117, сега 72 лица, повторно ниту знаеме кои се луѓево, ниту како дојдовте до овие имиња, кој ги предложи, дали дојдоа од...