Изгаснат пожарот во Штип
Пожарот што вчера попладне избувна над Штип е целосно изгаснат благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.Во гаснењето на огнената стихија учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво Штип со 10 лица и четири возила, како и пожарникари од Кочани со две возила и шестмина припадници, додека поддршка пристигнала и од Свети Нико...