Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ
Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ, организирано од Македонската традиционална таеквондо федерација. Настанот собра голем број натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и натпреварувачки дух. На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. […]