Биткоинот повторно над 60.000 долари: Додека едни бегаат, други вложуваат милиони
Биткоинот повторно се искачи над психолошката граница од 60.000 долари, откако минатиот петок забележа остар пад и се спушти на најниското ниво во последната година и пол.Иако најголемата криптовалута во светот од почетокот на годинава изгуби околу 27 отсто од својата вредност и сè уште вреди речиси двојно помалку од историскиот максимум, меѓу инвеститорите нема знаци на паника. Напротив, големите играчи продолжуваат агресивно да тргуваат, испраќајќи спротивставени сигнали за иднината на пазарот...