Мицкоски: Болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.
По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“, каде се потпиша и во книгата на жалост.Тој истакна дека болката и празнината од загубата на 63 млади животи се уште се чувствуваат.„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се ч...