Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип
Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се очекува работите да бидат целосно завршени во рок од два месеци. Поради тековните активности, водоснабдувањето во моментот се одвива преку регулациониот резервоар, што може да предизвика повремени и краткотрајни прекини. Од општината апелираат до граѓаните за разбирање додека трае реконстру...