Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Промената на подобро е неопходна, ако не се промениме, ќе исчезнеме
Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена.„35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно. СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности...