Коњановски: Федерацијата ја издвои Битола како лидер во куглањето
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека кугланата во градот нуди едни од најдобрите услови за куглање во државата, по одржаното поединечно првенство во сениорска конкуренција. Тој посочи дека натпреварувањето се одвивало во повеќе фази, при што квалификациите, осминафиналето и четвртфиналето се играле во Скопје, додека полуфиналето и финалето биле организирани во битолската куглана. Во машка конкуренција учествувале двајца куглари од клубот „Макпетрол“, по еден од „Вардар“ и „ГТ...