Кирил Гоџиров именуван за нов Државен правобранител за Струмица и Радовиш
Со одлука на Владата, за нов Државен правобранител за подрачјето на Струмица и Радовиш е именуван Кирил Гоџиров, адвокат од Струмица. Гоџиров е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со положен правосуден и нотарски испит, а од 2014 година поседува лиценца за адвокат. Во својата професионална кариера работел како правник во приватниот сектор, адвокатски стручен соработник, а потоа и како адвокат и член на органите на Адвокатската комора на Република Македонија. Тој...