Со концерт на Националниот џез оркестар вечерва во Струмица започнува првото издание на JAZZ STReam Festival
Струмица вечерва ќе стане центар на џез музиката со свеченото отворање на првото издание на JAZZ STReam Festival. Фестивалот ќе започне во 20:00 часот во Големата сала на НУЦК „Антон Панов“, каде што љубителите на овој музички жанр ќе имаат можност да уживаат во концертот на Националниот џез оркестар. Под диригентската палка на маестро Џијан Емин, оркестарот ќе настапи со програма што ја обединува богатата традиција на џезот со современи музички влијанија. Публиката ќе може да го почувствува пре...