Огњеновиќ: 4 милиони евра за хонорари од 25.000 евра преку ЈПДП!
Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра, вели Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ.„Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци. Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош! Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат реч...