Божиновска: Партнерството со Австрија отвора нови можности за студенти и професори
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека партнерството меѓу Северна Македонија и Австрија носи нови можности за развој, иновации и вклучување на младите во енергетскиот сектор. На настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, во организација на Министерството и во соработка со Амбасадата на Република Австрија, учествуваа претставници од институциите, академската заедница, приватниот сектор, како и професори...