Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: повредени малолетничка и пешак
Министерството за внатрешни работи информира за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле на 28 март 2026 година на подрачјето на Скопје, во кои се повредени малолетничка и повозрасна жена.Првата незгода била пријавена околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“, каде што патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип, удрило во детски тротинет управуван од малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни пов...