Струмица ќе одбележи една година од трагедијата во Кочани – дрвца во спомен, донации и меморијален турнир
Утре, понеделник, 16 март, во Струмица ќе бидат организирани повеќе настани по повод годишнината од големата трагедија во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 63 млади луѓе, меѓу кои и струмичанецот Џоко Ѓоргиев, тапанар на бендот ДНК. Одбележувањето го организираат учениците од Ученичкиот дом при СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, со низа активности кои имаат за цел да се оддаде почит на настраданите и да се испрати порака на солидарност и поддршка до нивните семејства. Активностите...