ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски: Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е уставно право, не „наследен проблем“
Изјавата на премиерот дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик е „наследен проблем“ претставува обид да се избегне одговорноста за неспроведување на право кое произлегува директно од Уставот и од Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ во реакцијата на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.„Албанскиот јазик е службен јазик во Република Северна Македонија. Ова не е политичка интерпретација, туку уставна и законска реалност која мора да се почитува од секоја др...