Министерството за дигитална трансформација добива сериозна поддршка од Стратешкиот дијалог со САД
Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување на заедничка изјава успешно заврши Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура. Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата FALCON (Foreign Assistance Leveraged f...